Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

До сега 119 членови на семејствата на повредените што се лекуваат во странство добиле обезбеден транспорт и сместување

Досега 119 лица од семејствата на повредените во пожарот во Кочани биле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Досега 119 лица од семејствата на повредените во пожарот во Кочани биле транспортирани и сместени во странство, во градовите каде што се лекуваат нивните најблиски.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, информираше дека овој број ќе се зголеми, бидејќи продолжуваат транспортите на повредени лица за лекување во други земји.

„До пред неколку часа имавме информација дека 119 лица се безбедно транспортирани и сместени во странство. Сè уште продолжуваме со праќање на пациенти, и очекуваме дека бројот ќе се зголеми. Сите членови на семејствата ќе бидат контактирани и ќе им биде обезбеден транспорт и сместување што е најповолно за нив, во близина на болниците каде што се сместени повредените,“ рече Митева на прес-конференцијата.

Реклама

Таа нагласи дека е обезбеден контакт број за сите семејства, на кој можат да се обратат за организација на транспортот и сместувањето.

Во врска со финансиската помош, Владата ја официјализираше одлуката за обезбедување 30 милиони денари преку Министерството за финансии, кои ќе се пренесат на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за помош во организацијата на транспортот и сместувањето на најблиските на повредените кои се лекуваат во странство.

Митева исто така информираше дека одлуката важи и за лицата кои веќе биле испратени пред донесувањето на одлуката и тие ќе имаат право на ретроактивна исплата на средства.

Во однос на иницијативите од граѓаните за помош во сместувањето на повредените во странство, Митева посочи дека е тоа за поздравување и дека Владата ќе продолжи да ја поддржува солидарноста и помошта.