Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

До почеток на кампањата за локални избори сите службени возила ќе добијат црвени регистарски таблички

Црвено-жолта регистарска табличка на сите службени коли треба да стави крај на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвено-жолта регистарска табличка на сите службени коли треба да стави крај на трошењето државни ресурси за партиски цели. Лесно ќе се препознаваат во сообраќајот, а ќе ги регистрира и системот „Сејфт сити“. Регистар со колку службени возила располага државата нема, но сите институции треба до изборите да ја земенат обичната регистарска ознака со таква во боја. Тие што нема да го сторат тоа, ќе добијат црвено-жолта табличка при регистрација на колата, а исклучок ќе бидат само дел од возилата на МВР и Ангенцијата за национална безбедост.

  •  „Ако некој се обиде да избегне брендирање, при регистрација сепак ќе добие црвени таблици“, изјави Томовски. Според проценките, во државата има од 7.000 до 7.500 службени возила, иако нема единствен регистар. Новото правило се однесува на сите возила во сопственост на државата – на Владата, општините и јавните претпријатија, со исклучок на дел од возилата на МВР и АНБ. Иако правилникот не предвидува казни, властите очекуваат мерката да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во користењето на државните возила. Институциите во државата имаат рок до 15 септември да ги брендираат службените возила, соопшти директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Секоја злоупотреба ќе се истражува и секој кој ќе злоупотребува државни ресурси ќе сноси соодвента санкција, посочи директорот за јавна безбедност Александар Јанев.  

  • „Јасно и гласно го кажувам тоа, ние веќе во рамки на Бирото за јавна безбедност и во рамки на Министерството за внатрешни работи имаме одржано низа состаноци, имаме отворено оперативна акција „Локални избори 2025 година“, така што една од главните насоки е полициските службеници да постапуваат исклучиво со интегритет и професионалност и истите мора да пружат и обезбедат фер и демократски локални избори. Ние сме една од алките кои што е гарант за остварување на највисокото демократско право, а тоа е правото на глас“, порача Јанев.

Со регистарските таблички во боја МВР ќе има обврска да направи регистар за службените возила, и ќе се знае со колкав број располага државата. Според најавите, ќе биде отворена и телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените автомобили.сОдлуката за промена на табличките на сите службени возила во сопственост на државата беше донесена на владина седница на 29 јули.