Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Дојранските пчелари се жалат за номадско пчеларење во нивниот регион

Селење на пчели од една во друга општина за да се прибере…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Селење на пчели од една во друга општина за да се прибере подобра паша познато како номадско пчеларење е проблем со кој пчелари од дојранскиот регион се среќаваат во последните неколку години.

Проблемот беше изложен на трибината со земјоделците во Дојран, одржана со претставници од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, во рамки на кампањата “Гласот што го слушаме – македонско најдобро”.

Земјоделците реагираа дека поради погодните климатски услови и потоплото време, што придонесува и до порано цветање на растенијата, пчелари од други општини за одреден период си ги селат пчеларниците на територија на Општина Дојран.

Реклама

Овие преселби, велат тие, минуваат незабележани од надлежните служби, па локалните пчелари стравуваат дека непроверените пчелни семејства се потенцијален здравствен ризик за нивните пчели.

-Секоја година имаме ист проблем, го имавме и лани и го стопиравме, а сега повторно се соочуваме со истото. Од Охрид, Македонски брод, Кочани ни носат пчелни сандаци и ги оставаат пчелите да работат во нашиот регион, на подрачје на општина Дојран. Тоа е несфатливо бидејќи пчелата може да се размеша и да настане некоја инфекција кај локалните пчели. Зошто и ние не ги носиме нашите пчели во другите општини, туку си остануваат на територија на оваа општина, праша жителка на Фурка, која е земјоделец пчелар.

Според Оливер Ивановски, директор на Државната фитосанитарна лабораторија, при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство селењето на пчели е предвидено, но треба да е строго контролирано.

– Во делот на номадско сезонско пчеларење или селење на пчелите, по правило секое движење на пчелите со промена на нивната лоакција треба да биде пропратено со сертификат за здравствена состојба. Дури и на привремена локација, движењето на пчеларот мора да биде на означено место, со точни координати. Агенцијата за храна и ветеринарство преку одделението за идентификација и регистрација во секој момент треба да знае на секоја можна локација каде се наоѓаат и колку пчели се наоѓаат, објасни Ивановски и додаде дека мешањето на различни пчелни семејства носи ризик од болести на домицилните семејства и притоа посочи дека ќе се бара начин да се зголемат инспекциите.

Во Сојузот на пчеларски здруженија во Македонија велат дека праксата за номадско пчеларење не е непозната, но треба да биде поткрепена со соодветната потврда за здравствената состојба на пчелите кои ќе се селат.

– Сме имале такви ситуации, но нема законска пречка да се носат пчелни семејства на различни паши. Меѓутоа треба да се запази дека кога го прави тоа пчеларот мора да има уверение за здравствената состојба на своите пчели од овластен ветеринарен лекар. Проблем исто така е ако ги постави сандаците блиску до реонот на полетување и слетување на домашните пчели, и тука веќе пречи. Тогаш може да се случи пчелите дојдени од страна да ја приберат целата паша, а постојаните пчелни семејства од локалниот пчелар да останат без принос, објаснува Менде Трајковски, претседател на Сојузот на пчеларски здруженија во Македонија.

Тој додава дека според пчеларскиот кодекс ваквите активности не треба да бидат пракса.