Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Дојран се наполни за првомајските празници

Пониските температури невообичаени за овој период од годината и облачното време не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пониските температури невообичаени за овој период од годината и облачното време не ги предомислија туристите и овој 1 Мај традиционално да го посетат Дојран. Викендиците и сместувачките објекти се полни, а денот туристите го искористија за да се рекреираат во паркот, по патеката или по шеталиштето во Стар Дојран.

Од Општина Дојран очекуваат во наредните три дена сместувачките капацитети да ги задоволат потребите на туристите и велат дека во координација со МВР преземени се сите мерки за безбедност за време на првомајскиот продолжен викенд.

-Општина Дојран во периодот што следи ќе почне со средување на плажите и чистење на крајбрежјето од дрвени столбови кои стојат од порано и кои се опасни за капачите и за туристите, како и на секаков вид на вегетација. Потоа ќе следи попесочување на плажите, така што прогнозата е до почетокот на јуни да имаме средени плажи. Исто така, ќе се реконструира патеката која е многу оштетена и после секои врнежи се собира воден талог, па пешаците не можат да ја користат. Станува збор за патеката на потегот од пазарот во Стар Дојран до амфитеатарот, изјави градоначалникот на Дојран, Илија Тентов.

Реклама

Како подготовка за претстојната сезона општинските власти ја завршија и постапката за авионска дезинсекција на подрачјето на општината против комарци.

Според надлежните служби во регистерот на Општина Дојран како физички лица се регистрирани 194 приватни сместувачки капацитети, со вкупно 1916 легла од кои со стандардна категорија се 350 соби, а апартмани од категоријата комфорт – 370. Од правните лица се регистрирани 359 апартмани, како и соби и легла вкупно 777 капацитети.