Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Дојран исчистен и уреден ќе ги пречека првите туристи за Велигден

Дојран се подготвува да ги пречека првите туристи и викенд посетители за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дојран се подготвува да ги пречека првите туристи и викенд посетители за Велигден. Општинските власти спроведоа повеќе активности за уредување на зелените површини, искосен е паркот во централното подрачје, уреден е пристапот до старата црква „Св. Илија”, а се коси и зелениот појас по должината на регионалниот пат од Стар до Нов Дојран.                     

Надлежните велат дека подготовките за пролетниот старт на туристичката сезона во Дојран ги започнале уште кон крајот на минатата година, кога се спроведе чистење на езерското крајбрежје со цел да се овозможи понатамошно уредување и подобрување на просторот. 

– Тековно се уредуваа сите зелени површини во централното подрачје на Дојран, пешачката патека покрај брегот на езерото, градскиот парк, а се уредија и површините околу верските објекти во Стар Дојран, манастирот „Св. Марија Магдалена” и црквата „Св. Илија”, велат од Општина Дојран.

Реклама

Издавачите на сместувачки капацитети велат дека има интерес за посета на туристи во овој период од годината.

– Aпартманите веќе ги нудиме за издавање бидејќи имаме најава дека за Велигден ќе дојдат заинтересирани туристи кои сакаат тука да ги поминат слободните денови од петок до недела. Го избираат Дојран, затоа што е мирно туристичко место, со преубава природа и најмногу поради чистиот воздух, вели издавач на сместувачки објект од Стар Дојран.  

Од Општината информираат дека носител на сите активности за уредување на зеленилото во Дојран е комуналното претпријатие „Полин”, а учествувале и лицата осуденици што издржуваат казни во затворите во Гевгелија и Струмица, како дел од вршењето општокорисна работа, согласно меморандумот за соработка склучен меѓу Општина Дојран и двете казнено поправни установи.

Во соработка со Доброволното противпожарно друштво од Дојран за денес е најавено миење на патеката на шеталиштето и скалите кои водат до црквата „Св. Илија”.