Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

ДКСК: Директорот на Агенцијата за филм упорно ги крие документите како се делеле државните пари за проекти

Бојан Лазаревски платил казна зашто не ги доставил бараните документи до Антикорупциска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Лазаревски платил казна зашто не ги доставил бараните документи до Антикорупциска и пак не ги доставил. Директорот на Агенцијата за филм, за кого Комисијата бара и кривична одговорност одбива да ги предаде записниците во кои е наведено на кој начин се доделувале државни пари за проекти.

  • Заради целосно утврдување на фактичката состојба во врска со поднесената пријава и во однос на постоењето на судир на интереси, ДКСК достави барање до Агенцијата за филм за обезбедување на документација и податоци по која одговорното лице не постапи ниту во определениот рок ниту по истекот на истиот односно не ги достави бараните информации и документација“ констатираше Ивановска – претседател на ДКСК.

Бидејќи не ги добиле потребните документи Антикорупционерите беа приморани да ја запрат иницијативата за утврдување судир на интереси кај рецезенти, финансиски советник и членови на Управниот одбор.

  • Од причини што до ДКСК не беа доставени бараните податоци за овие две лица не беа обезбедени сите релевантни докази за правилно и целосно утврдување на фактичката состојба затоа ДКСК не утврди дека овие лице се опфатени под поимот службени лица од членот 8 опфатени под законот за корупција и судир на интереси“ вели претседателката на ДКСК,Билјана Ивановска.  

Антикорупционерите велат дека им се врзани рацете, законот во случајов е на страна на корумпираните зашто се додека плаќаат парични глоби може да продолжат да ги кријат документите, а Комисијата нема начин како инаку да дојде до нив.

Реклама
  • Директорот си продолжува со неговиот неодговорен однос за недоставување на потребни податоци, си ја плаќа казната, и повторно не доставува, така што кога на последната седница на службени лица кои што си ги плаќаат казните а не доставуваат документи сигурно ќе биде и тој на списокот“ додава Ивановска.

Антикорупционерите изразија сомнежи и околу конкурсот за назначувањето на Лазаревски. Директорот пак велеше дека е изнендаден и шокиран од обвинувањата на институциите бидејќи очекувал пофалби за неговата работа и наводниот успех што го постигнал.

Но, во директорувањето на Лазаревски криминал гледаат и бројни филмски работници. Режисерот Милчо Манчевски обвини дека Агенцијата е претворена во дувло на криминал и неспособност, додека пак, режисерот Јани Бојаџи алармираше дека се финансираат проекти само на уметници подобни за власта.