Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Дискусија за улогата на Западен Балкан во современите меѓународни односи, со шпанскиот професор Хесус Нието Гонзалес

Сесија за размена на политики посветена на улогата на Западен Балкан во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сесија за размена на политики посветена на улогата на Западен Балкан во современите меѓународни односи и шпанската перспектива за регионот, со шпанскиот професор Хесус Нието Гонзалес, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот ПРЕСПА, во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

Воведно обраќање, како што е најавено, ќе има амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз,  а главен говорник ќе биде проф. д-р Хесус Нието Гонзалес, почесен професор на Универзитетот „Автонома“ во Мадрид (UAM), автор на книгата „Балканот во современата меѓународна политика“ и водечки шпански експерт за Балканот.

Настанот, како што е најавено, треба да ги обедини дипломатите, носителите на политики, претставниците на тинк-тенковите и академската заедница во една динамична и отворена размена за политичкиот пејзаж на Европа и местото на Балканот во него.

Реклама

Професорот Нието Гонзалес е доктор по историја на политичките односи и дипломиран по филозофија и книжевност од Универзитетот „Комплутенсе“ во Мадрид (1974). Иако поголемиот дел од неговата кариера била посветена на средното образование во Шпанија, САД и Обединетото Кралство, уште од 1990-тите години тој активно развива паралелна академска и истражувачка дејност насочена кон меѓународните односи и историјата на Балканот. Неговото докторско истражување се фокусирало на македонското национално прашање во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција, преку споредбена анализа на шпанската и грчката граѓанска војна како клучни настани за разбирање на Европа од XX век.

Оваа сесија е дел од серијалот „Thinking and Working Together“ на Институтот ПРЕСПА, чија цел е да поттикне дијалог, соработка и размена на идеи меѓу носители на политики, дипломати, академици и новинари од Европа и Западен Балкан.