Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Дискусија за насилството меѓу младите со обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и министерката Јаневска

Младински активисти, ученици, психолози и експерти ќе учествуваат во дискусија на тема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младински активисти, ученици, психолози и експерти ќе учествуваат во дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“, која ќе се одржи денеска во вилата „Билјана“ во Охрид.

На настанот, кој се организира во пресрет на одбележувањето на 12 Август – Меѓународниот ден на младите, обраќања ќе имаат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

-Настанот се одржува на предлог на Советот за млади и е предвидено да отвори институционална дебата за три поврзани прашања: примената на постојниот протокол за постапување во училиштата, поддршката за жртвите и пристапите за промена на однесувањето на насилниците, како и можните политики за ограничување или регулирање на користењето на социјалните мрежи кај децата и младите на возраст од 14 до 16 години, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова.