Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, Пејковски се сретна до секретарот на Општина Битола, Димитровски

Директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, проф. д-р…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, проф. д-р Зоран Пејковски деновиве оствари работна средба со секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, на која беа разгледани повеќе значајни прашања поврзани со развојот и унапредувањето на културата, како и можностите за продлабочување на меѓуинституционалната и меѓународната соработка, соопштија од Македонсиот КИЦ – Софија.

Во духот на отворен и конструктивен дијалог, соговорниците размениле мислења и искуства за тековните културни политики, предизвиците со кои се соочуваат институциите, како и за потенцијалите што ги нуди современиот културен простор. Посебно внимание било посветено на улогата на културата како двигател на општествениот развој, но и како важен фактор во градењето на културен идентитет, меѓусебно разбирање и меѓународна соработка.

-Проф. д-р Пејковски ја истакна мисијата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија во насока на афирмација на македонската култура во странство, при што нагласи дека културната дипломатија претставува силен инструмент за поврзување на народите и за создавање трајни партнерства. Во таа насока беше потенцирана потребата од интензивирање на заедничките активности, размена на културни содржини и поддршка на уметници и културни работници – се вели во соопштението.

Реклама

Димитровски ја нагласил заложбата на локалната самоуправа за континуирана поддршка на културните иницијативи и проекти, како и за создавање услови за динамичен и одржлив културен развој. Неговиот современ и визионерски пристап во управувањето бил оценет како значаен придонес кон развојот на културниот живот во Битола и пошироко.

На средбата на Димитровски му била врачена плакета од страна на Пејковски, како знак на признание за неговата исклучителна посветеност и континуирана поддршка на македонската култура, за неговиот придонес во афирмацијата на културните вредности и за неговата активна улога во унапредувањето на културната дипломатија. Плакетата, се вели во соопштението, претставува симболична благодарност за неговата визија, професионалност и несебичен ангажман во градењето на културни мостови и зацврстувањето на хуманистичките вредности.

Соговорниците изразиле заедничка подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката преку реализација на конкретни проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за поголема видливост и афирмација на македонската култура на меѓународната сцена.

Средбата завршила со уверување дека преку вакви партнерства и лични заложби се создава цврста основа за развој на современа, динамична и меѓународно препознатлива културна сцена, која достојно ги афирмира македонските културни вредности и традиции.