Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Директорот на Геријатрија барал 100 илјади, па се испазарил за 20 илјади евра мито

Апетите на в.д.директорот на Геријатрија Мухсин Арифи биле огримни. Првичната сума на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апетите на в.д.директорот на Геријатрија Мухсин Арифи биле огримни. Првичната сума на која инсистирал била дури 100 илјади евра. Но планот не му успеал бидејќи жената која требало да му го исплати митото се побунила дека тоа се многу пари за да смести болен човек во болницата „13-ти Ноември“. Тогаш Арифи предложил да го продадат станот во сопственост на болниот за да ја добие цела сума. Но,по неколку средби од 19 март до вчера, договор паднал – 20 илјади евра да му бидат исплатени за да обезбеди кревет за пациентот кој боледувал од повеќе болести и на кој по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во Геријатрија.      

„На средбата, првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран, за што имал податоци и за недвижниот имот кој го поседува,  па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената-сведок реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Неколку дена подоцна, на 3-ти и 4-ти април, имало уште две средби. Првата меѓу жената сведок и посредникот, а потоа и со директорот Арифи.

Реклама

„Конечно било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот „со проверки“ утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот тој имот да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра. Согласно овој договор, на 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на лице место бил фатен од страна на полициските службеници“, се додава во соопштението на ОЈО ГОКК.

Обвинителството бара притвор за двајцата осомничени. Од Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, чиј член е Арифи, вчера ги повикаа надлежните државни органи во брза и ефикасна постапка да ги расчистат сите околности. Од Министерството за здравство соопштија дека се залагаат за што побрзо расветлување на случајот. Арифи претходно беше директор на психијатриската болница во Бардовци.