Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Директорот на БЈБ, Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Директорот Јанев денеска во Берат, Албанија учествува и предводи делегација на БЈБ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот Јанев денеска во Берат, Албанија учествува и предводи делегација на БЈБ – МВР на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа, во рамки на албанското претседателство на асоцијацијата.

Заедно со колегите од регионот, директорот Јанев се осврна  на предизвиците од илегалната миграција и борбата против трговијата со луѓе, сузбивањето на организираниот криминал и јакнење на регионалната соработка преку воспоставување на Заеднички истражни тимови, а воедно се разгледува и фактичката состојба во однос на борбата против компјутерскиот криминал.
„Сите овие предизвици претставуваат не само регионална,  туку и глобална закана и ги надминуваат можностите за ефикасен одговор и заштита од само една држава, па оттаму неопходно е надградување и продлабочување на механизмите за оперативна полициска соработка помеѓу државите во регионот и пошироко, забрзана дигитализација на процесите и интензивирање на оперативните мерки и активности за сузбивање на организираниот криминал, со што ќе се генерираат и нови алатки за превенција, следење и успешно справување со криминалот во сите негови форми.“, потенцираше директорот Јанев.

Директорот Јанев подвлече дека регионалниот пристап за заедничко делување, зајакната соработка и аплицирање на современи алатки и модели на полициско постапување се повеќе од потребни во времето во кое живееме, соочувајќи се со низа предизвици од софистицираните методи кои ги користат организираните криминални групи.

Реклама

Учеството на Генералното собрание на СЕПКА, Директорот Јанев го искористи за средба со своите колеги, директорите на полиции на Р.Албанија, Црна Гора, како и Р. Косово, со кои разменија идеи и визии во насока на понатамошно зајакнување на билатералната соработка во делот на граничното управување, прекуграничните операции и заеднички истражни тимови за сузбивање на организираните криминални групи кои делуваат во регионот.

„Како први луѓе на полицијата, имаме мисија и одговорност да го направиме регионот побезбеден и постабилен за сите наши граѓани. Безбедноста не познава граници – таа бара солидарност, координација и заедничко делување.“, потенцираше на крај директорот Јанев.