Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Директни линии од и до Скопје од Мадрид, Стокхолм, Келн, Прага и Бари, се зголемува бројот на туристи, државата засилено се поврзува

За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажа и докажа дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажа и докажа дека умее да го зголеми бројот на туристи во државата. 11 месеци беа потребни за Владата да успее да договори комплетно нови 16 авиолинии кои ќе патуваат од аеродромите во Скопје и Охрид, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Од скопскиот аеродром ќе имаме нови 5 директни линии, од ноември ќе се патува од Скопје до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Кога овие 5 ќе ги додадеме на претходните 11, а тоа се од Скопје и Охрид кон Барселона, Лион, Париз, Женева, Истанбул, Амстердам, Дубаи, Штутгарт, Ларнака и Базел.

Македонија квалитетно се поврзува со цела Европа, но и со светот. Многу дестинации за кои мораше да се менуваат по два или три авиони и дополнителен трошок, сега се достапни од Скопје и Охрид во директен лет.

Реклама

Зголемување на бројот на патници се гледа веќе во првата половина од оваа година, каде што вкупно на двата македонски аеродроми се превезени 1,5 милиони патници, што е за 5% од скопскиот аеродром и 11% од охридскиот аеродром.

Покрај овие нови авиолинии, исто така зголемување на бројот на туристи се добива и преку поддршката на чартер летовите и промените на политиката за субвенции. На скопскиот аеродром дневно имаме по 200 туристи од Германија, Франција и Англија, додека пак од октомври додатни два авиона ќе слетуваат на охридскиот аеродром со што ќе се дојде до бројка од 400 туристи дневно“, потенцираат од владејачката партија.

Споредбено со мај минатата година, оваа година имаме 20% повеќе туристи или во бројка околу 101 илјади туристи. Секојдневно има околу 60тина дестинации кои патуваат од Скопје и Охрид до европските и светските метрополи. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.