На 24 април 2026 година на граничниот премин Табановце успешно беше реализирана заедничка вежба во организација на Дирекцијата за радијациона сигурност. Вежбата имаше за цел тестирање на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на институциите во случај на радијационен вонреден настан. Во активностите учествуваа претставници од Царинската управа, Граничната полиција, Институтот за јавно здравје, како и правни лица кои вршат транспорт на радиоактивен и нуклеарен материјал, се вели во соопштението на Дирекцијата за радијациона сигурност.

Преку реалистични сценарија беше извршена проверка на оперативните процедури, комуникацијата и меѓуинституционалната соработка. Вежбата овозможи идентификација на одредени аспекти за понатамошно унапредување, со цел зајакнување на системот за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.
Дирекцијата за радијациона сигурност ја нагласува важноста на ваквите активности како клучен сегмент во градењето на ефикасен и координиран одговор при потенцијални ризици. Истовремено, се потенцира значењето на континуираната обука и соработка помеѓу сите релевантни чинители.


Дирекцијата останува посветена на обезбедување висок степен на заштита на населението и животната средина, преку постојано унапредување на националниот систем за безбедност.
