Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Дипломатска офанзива-премиерот Мицкоски во Минхен, па во Вашингтон

Минхен Германија, па Вашингтон Соединетите Американски Држави. Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, тргнува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минхен Германија, па Вашингтон Соединетите Американски Држави. Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, тргнува во речиси целонеделна дипломатска офанзива која стартува од Минхен во Баварија каде од денеска стартува тридневниот безбедносен самит, попознат како Минхенската безбедносна конференција. На овој собир традиционално се собираат клучните политички лидери од светот, годинава со фокус на актуелните прашања поврзани со украинско-рускиот спор, безбедносната политика на нато и пристапниот дијалог со ЕУ.

Мицкоски ќе ја предводи владината делегација во која ќе бидат  и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Премиерот Мицкоски ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на Западен Балкан, како и панел дискусијата на Форин полиси каде ќе говори за геополитика, енергетска сигурност и за улогата во промените на глобално ниво. од владата велат дека мицкоски ќе ја искористи приликата за лобирање и прикажување на реалната слика од пристапните преговори на државата во поглед на европските перспективи, како и план за развој и економски достигнувања како дел од напорите за економски прогрес и сигурност на граѓаните.

Реклама

Воедно се очекуваат и повеќе билатерални средби со преставници на ЕУ и негови колеги од регионот.
Оваа прилика ќе биде искористена за преставување на македонските напори на патот кон еу и потребата унијата повеќе да се заложи за македонските интеграции и уважување на досегашните напори.
По завршувањето на конференцијата Мицкоски ќе отпатува за Вашингтон каде втор пат за кус период ќе учествува на настан на американската конзервативна партија, што е најголем собир на конзервативците. Таму се очекува и негово обраќање. Претходно таму свој настап имале аргетинскиот претседател, премиерката на Италија и унгарскиот премиер.