Реклама

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Македонија

Дипломатска бајка на Oсмани: Mакедонскиот глас бил слушнат од Ванкувер до Владивосток

Сме направиле силен пробив на светската политичка сцена во 2023 година, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сме направиле силен пробив на светската политичка сцена во 2023 година, а нашиот глас беше слушнат од Ванкувер до Владивосток,  вака го започнува своето новогодишно обраќање шефот на дипломатија Османи. Но не само што на далеку ни се слушал гласот туку и сме биле поблиску до ЕУ од било кога.  

Со музика во позадина, исечоци од негови средби со негови колеги,Османи ја убедува јавноста дека Македонија била на добар пат, иако повеќе од 60 проценти од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока.

За Османи успех било што сме почнале преговори, но кои преговори? Македонија се’уште е во чекалницата на Унијата и оваа година повторно извиси и остана со празни раце, променето име и обврска за ново менување на Уставот.

Реклама

Денес, Северна Македонија е поблиску до Европската унија од кога било и ова е резултат на нашата визија, посветеност и желба за просперитетна иднина. Возот кон ЕУ нема да запре и силно верувам дека следната година ќе ги надминеме блокадите кои ги создава опозицијата. Верувам затоа што знам дека мнозинството граѓани сакаат да завртат лист и станат дел од силното и поврзано европското семејство, вели Османи.

Се пофали дека сме биле раководеле на ОБСЕ, но не кажа дали тие како министерство и Влада успеаа да излобираат барем нешто за Македонија, на самитот на кои токму тие беа домаќини. Ги примија нависоките политичари, но освен што потрошивме енормна сума од народните пари, во време кога народот е на раб на сиромаштија, сме покажале дека можеме да се бориме со најсериозните предизвици.

Под наше раководство, со јасна визија и многу посветеност, успеавме, како, да ја зачуваме ОБСЕ во исклучително сложен услови и војна во регионот на организација. Ова не беше само триумф за Северна Македонија, ова беше победа на разумот и важен момент за стабилноста на целиот регион, вели Османи во обраќањето.

Не ја испушти приликата да ја обвини опозицијата за блокадите, за кои како што вели сме биле пред портите на Унијата. Но заборави да го искоментира можеби и најлошиот извештај кој го доби Македонија годинава, каде јасно е нотирано дека државава се дави во криминал и корупција. Не е само ЕК која не потсетува да си ги решиме проблемите со криминалот, од речиси сите амбасади во државата стигнуваат такви пораки. И граѓаните с есвесни дека корупцијата царува во Македонија, над 80 проценти велат дека оваа година е полоша од минатата.

Ама Османи ни честита нова година и ни посакува заедништво во следното поглавје за државата преку почитување на вредностите – правда, единство и просперитет.

https://youtu.be/Bhxl953jkig