Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Дипломатите на тротинет ќе ја шират зелената агенда на ДУИ

Зелена дипломатија – новото нормално- вработени во Министерството за надворешни работи ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зелена дипломатија – новото нормално- вработени во Министерството за надворешни работи ќе се возат со електрични тротинети – шефот на македонската дипломатија се пофали со пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Османи неделното утро го започна со промоција на електрични тротинети.

Description: ✅Практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90% од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.

Description: ✅За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет. Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина– пишува Бујар Османи на ФБ.

Реклама

Се е ПР – коментараат за Алфа од Македонскиот дипломатски синдикат за набавката на електрични тротинети. Има толку многу работи да се направат за дипломатите, велат од синдикатот,  просечната плата во државата е 28 илјади а вработените во МНР зимаат во просек 10 проценти помалку или 26 илјади. Сликата во МНР, според нив денес е поразителна  бидејќи  голем дел од вработените не можат да си дозволат да го почитуваат кодексот за пристојно облекување.

Откако партијата на Ахмети стана зелена и еколошка, промовираше само 20-секунден спот, како паѓаат фабрики, а се појавуваат сончеви колектори, сончоглед и зеленило, без да се објасни како овие проекти би се оствариле.

Зелената агенда во струшки стил беше осветлувањето на Црн Дрим. Првиот човек на Струга, Мерко ја олесни општинската каса за 110.000 евра за одеднаш да светнат 300 светилки во Црн Дрим.  Со зелената платформа на ДУИ, не беа опфатени ниту трите бесправно изградени платформи на Матка, кои нивниот градоначалник Беџети не се осмели да ги урне. 

Власта „спроведува“ зелена агенда, но во последната набавка на 45 возила на лизинг за потребите на Владата ниту едно не е електрично. Сепак , зелената такса со која горивата ќе поскапат за 4 денари,  ќе падне на грбот на граѓаните. Според премиерот Заев тоа ќе било  стимул македонците да купуваат електрични автомобили, чија цена почнува од 15-тина илјади евра.

Викторија Миткова