Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Димовска: Транспарентност, дигитализација и безбедност на парламентите

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска учествува на Заседанието на Здружението на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска учествува на Заседанието на Здружението на генерални секретари на парламенти (ЗГСП) што се одржува од 16 до 19 април 2026 година во Истанбул, Република Турција, во рамки на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на Заседанието на ЗГСП се одржаа тематски дискусии посветени на актуелни прашања од значење за функционирањето на парламентите, меѓу кои: улогата на парламентарната администрација во проценката на влијанието на законите, зајакнувањето на заштитата на парламентот како демократска институција, како и современите предизвици поврзани со организацијата на работата, дигитализацијата и модернизацијата на парламентарните служби.

– На состанокот, Димовска ги презентира искуствата и тековните активности на Собранието во насока на зајакнување на институционалните капацитети, унапредување на безбедносните стандарди и развој на современи механизми за поддршка на законодавниот и надзорниот процес – се посочува во соопштението.

Реклама

На првата генерална дебата биле разменети искуства за примена на постзаконодавен надзор, анализа на ефектите од законите и користење на податоци и современи алатки за подобрување на квалитетот на законодавството. Посебен акцент бил ставен и на значењето на соработката со академските институции и користењето на нови технологии во процесот на евалуација на законите. Во контекст на Собранието, Димовска го истакнала формирањето на специјализираното одделение за проценка на влијанието на регулативата и оценка на спроведувањето на регулативата. Ова претставува значајна структурна реформа насочена кон воведување на законодавство базирано на докази.

– За време на втората генерална дебата за зајакнување на заштитата на парламентите како демократски институции, беа разгледани прашања поврзани со заштита на демократските процедури, институционалната автономија и безбедноста на парламентарните објекти. Димовска ги сподели тековните активности на Собранието во однос на реформата на безбедносните служби, чија цел е воспоставување современ систем кој ќе обезбеди безбедно, ефикасно и достоинствено работење на парламентот, притоа зачувувајќи ја неговата отвореност и транспарентност – стои во соопштението.

За време на Заседанието на ЗГСП, генералните секретари ја избраа Стиџит Таипибунсук, заменик-генерален секретар на Претставничкиот дом на Тајланд, за потпретседател на Здружението на генерални секретари на парламенти.

Учеството на вакви меѓународни форуми претставува значајна можност за размена на искуства, зајакнување на професионалната соработка и унапредување на капацитетите на парламентарните служби во насока на градење посилни и поотпорни демократски институции.

Здружението на генералните секретари на парламентите е консултативно тело на Интерпарламентарната унија, во кое членуваат генерални секретари на парламентите – членки на ИПУ. На состаноците на Здружението на генералните секретари, што се одвиваат паралелно со редовните собранија на ИПУ, се разменуваат мислења за стручни прашања од работата на парламентите, при што членовите на Здружението подготвуваат извештаи и излагања за одредени теми и расправаат за нив.