Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Димитријевиќ обвини за притисок и црна кампања против СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ, му одговори дека никој не е над законот, институциите си ја вршат работата

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција ја нарече…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција ја нарече пријавата за градоначалникот на Крива Паланка како срамен притисок и црна кампања на власта против, како што рече, успешните градоначалници од редовите на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ знае дека не може да победи во Крива Паланка, па не им останува ништо друго освен да ги вклучат режимските механизми за притисок и монтиран прогон. Режимот се враќа – но граѓаните не смеат да подлегнат на овие злоупотреби“, порача Димитријевиќ.

Според него, ова не е изолиран случај, туку дел од поширока, инструментализирана кампања во сите општини каде што раководи СДСМ – со инспекции, измислени прекршоци и кривични пријави, додека, како што тврди, во општините со кои управуваат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН – нема никакви проверки.

Реклама

„Тошковски срамно го брани криминалот на Висар Ганиу од 225 милиони евра, а на оние кои чесно работат им се измислуваат пријави. Ова е удар врз демократијата, врз правниот поредок!“, рече Димитријевиќ.

Тој со порака и до членовите на СДСМ:

„Не смееме и нема да потклекнеме пред овие закани. Ваквиот режим еднаш го победивме – ќе го победиме пак со вистината и чесната работа.“

На ваквите обвинувања реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение, во кое наведуваат дека функционирањето на институциите не може да се смета за притисок, туку за редовна и законска обврска.

„СДСМ да се навикне дека законот важи за сите – времето на селективност заврши со нивното заминување во опозиција“, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, инспекциските служби работат во сите општини без исклучок и никој не е над законот, додавајќи дека институциите се независни и постапуваат врз основа на факти и докази.

„Наместо да плачат на прес-конференции, нека ги почитуваат законите и нека работат во интерес на граѓаните“, порачуваат од партијата.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изјават на Александар Саша Димитриевиќ

„СДСМ треба на се навикне дека законот важи и треба да важи еднакво за сите.

Помина времето на селективност и заштита на партиските лица и функционери на СДСМ. Времето кога прекршувањето на законите од страна на државните функционери беше правило и тие поминуваа неказнето, заврши со заминувањето на СДСМ во опозиција.

Монтираните процеси, реваншизмот и прогонот кон неистомислениците се одлика што го одбележа седумгодишниот период на владеење на СДСМ.

Редовното функционирање и инспекциите на институциите во општините и општинските претпријатија, не е и не може да се смета за притисок.

Тоа е редовна пракса и обврска на инспекциските служби и таа се спроведува во сите општини, без исклучок. Институциите се независни, работат согласно закон и постапуваат во согласност со доказите и фактичката состојба.

Наместо сега да плачи на прес-конференции, СДСМ и нејзините, и така малку функционери што ги има, да почнат да ги почитуваат законите и да работат во интерес на граѓаните.“ од овие два текста направи ми еден