Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Димитријевиќ: Крај на труењето на граѓаните, Митовски има решенија за проблемите на Гази Баба

Денес сме тука за да го поддржиме нашиот кандидат за градоначалник, Влатко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес сме тука за да го поддржиме нашиот кандидат за градоначалник, Влатко Митовски, но и да го потврдиме најважното нешто што го носиме како социјалдемократи, а тоа се одговорноста пред граѓаните. Одговорноста да бидеме чесни, доследни и посветени тогаш кога е лесно да се откажеш, но неопходно е да останеш и да се бориш,“ истакна генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на граѓанскиот собир во Гази Баба вечерва, се вели во соопштението на СДСМ.

„Гази Баба е општина со потенцијал, но и со хронично запоставени проблеми. Општина што има потреба од план, а не од изговори. Ние не ветуваме чуда, ние нудиме решение, со разум, со експертиза и со луѓе што знаат зошто се кандидираат,“ рече Димитријевиќ.

Тој најави конкретни решенија преку програмата на Влатко Митовски: Санација на Вардариште и негово претворање во претоварна станица за отпад, со што ќе се стави крај на тивкото труење на над 150.000 граѓани. Решенија и за Трубарево, каде што, како што истакна, „секој од нас што го вдишал чадот од последниот пожар таму знае дека не се работи за случајност, туку за системска небрежност. Нов сточен пазар со инвестиција од 30 милиони денари, за фер услови за сточарите и земјоделците и раздвижување на локалната економија. “ рече Димитријевиќ.

Реклама

СДСМ не е само партија, СДСМ сте вие. Оние што останавте и кога беше тешко. Оние што не дозволивте линијата на демократијата да се избрише. Тоа е нашата сила, членството. Ќе одиме од маало до маало, со јасна порака. Ќе зборуваме со граѓаните за да кажеме што е можно, што е фер и што е во нивен интерес, порача.

„Ќе ја водиме оваа кампања со чисто срце и со факти. Ќе се бориме за секој човек, за секоја улица, за секој блок, за секое маало каде што има потреба, а никој не слуша. Затоа велиме дека не делуваме ние за СДСМ, туку СДСМ делува за луѓето., потенцираше  генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.