Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Димитриевски: СДСМ и ДУИ 20 години ја делеа државата, а денес глумат опозиција и даваат лекции за државништво

Денес најгласно за состојбата во Македонија зборуваат токму оние политички структури кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес најгласно за состојбата во Македонија зборуваат токму оние политички структури кои со години ја имаа можноста да ја водат државата и да ги решаваат проблемите за кои денес самите држат лекции. СДСМ и ДУИ беа дел од власта во клучни периоди од поновата историја, а денес, наместо со сопственото политичко наследство, се обидуваат да се занимаваат со ЗНАМ.

Токму на ова лицемерие во политиката се осврна претседателот на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, во на една од националните телевизии, посочувајќи дека Македонија предолго плаќала цена поради недоволната комуникација меѓу позицијата и опозицијата во клучни моменти, како и поради политики во кои партискиот интерес често бил над државниот, се наведува во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Димитриевски порача дека оние кои денес се најгласни критичари не можат да избегаат од сопственото политичко минато и од одлуките што ги носеле додека биле на власт.

Реклама

„Јас и луѓето заедно со мене во мојот тим, со СДСМ расчистивме многу одамна, уште кога сметавме дека државата ја водат во многу лоша насока“, порача Димитриевски.

Тој директно се осврна и на актуелните случувања во СДСМ, посочувајќи дека дел од оние кои денес се појавуваат како критичари на состојбите, претходно биле дел од системот кој го критикуваат.

„Едниот беше еден од главните политички гуруа на Димитар Ковачевски. Другите беа членови по управни одбори и така натаму, тогаш молчеа, кога Максим зборуваше“, истакна претседателот на ЗНАМ.

Во однос на ДУИ, Димитриевски оцени дека политичката математика денес е поинаква и дека со нивното заминување во опозиција е намален просторот за политички уцени кои, според него, постоеле во минатото.

Затоа, наместо СДСМ и ДУИ повторно да се обидуваат да ја префрлаат одговорноста и да се претставуваат како политичко решение, време е да се соочат со сопственото наследство. Граѓаните веќе еднаш ја дадоа својата оценка и ги испратија во опозиција.

Времето на политичари кои бараат алиби за своите неуспеси завршува. Секој во Македонија ќе мора да стои зад своите одлуки, своите резултати и своето политичко наследство. Историјата не се пишува со прес-конференции и партиски соопштенија, таа се пишува со дела.