Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Димитриевски: Оваа Влада се обидува да го врати националното достоинство на секој Македонец и пред законот сите да бидат еднакви

Оваа Влада ја отсликуваат поголем број позитивни работи, но најбитно во моментов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа Влада ја отсликуваат поголем број позитивни работи, но најбитно во моментов е што не ја тресе ниту еден крупен, па дури ниту ситен корупциски скандал како што тоа беше незамисливо во минатото, рече претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриески, говорејќи за едногодишниот мандат на коалициската Влада.

Тој посочи дека полека се стабилизираат работите и државата од еден тежок минус доаѓа на позитивна нула и следува период на позитивни политички решенија кои ќе бидат преточени низ различни форми на закони и реализација на голем број проекти.

Говорејќи за задолжувањата и кредитите, Димитриевски рече дека „во минатото се задолжувавме нетранспарентно и по неповолни кредити, а денес се задолжуваме транспарентно и се држи одреден финансиски баланс“.

Реклама

– Оваа Влада се обидува да ги врати средствата и да ги насочи кон граѓаните, да го врати националното достоинтво на секој Македонец, на секој граѓанин и пред законот сите да бидат еднакви, рече Димитриевски.

На прашање во врска со блокадите од страна на Бугарија за почеток на преговорите со Европската унија, Димитриевски посочи дека оваа Влада никогаш нема да се откаже од ЕУ, бидејќи, како што додаде, „нашето место е таму и еден ден ние ќе станеме европејци“.

Посочи дека никогаш Владата нема да дозволи да се погазиме самите себеси, да се откажеме од идентитетот, јазикот, културата и историјата.

– Не можеме да имаме заедничка историја. И сето тоа што беше направено во минатото како грешка од претходната влада, вклучувајќи го фамозниот Втор протокол и Францускиот предлог беа погубни одлуки донесени без волја на мнозинското македонско население кое е уставотворен народ, кој ја создаде оваа држава. Таа власт не ја испочитува волјата на мнозинството и затоа заврши така како што заврши, рече лидерот на ЗНАМ.

Во контекст на тоа, Димитриевски посочи дека „нема да потклекнеме на притисоците кои што доаѓаат од надвор“.

– Ниту еден притисок од страна нема да ги помрдне работите од мртва точка. Овде не се работи за Бугарите и нивното внесување во Уставот. Се работи за следните барања кои ќе бидат испорачани на релација Софија-Скопје. И на крајот во каков било акт на ЕУ, па дури и во европските институции да стои македонски јазик, македонски народ. Па, ние сакаме да бидеме таму, баш поради тоа каде што влегуваме во еден сојуз на држави каде се штитат правата на малите во однос на големите, истакна Димитриевски.