Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Димитриевски: Од градоначалник се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми на граѓаните

Во недела граѓаните ќе кажат какво Куманово сакаат и кој да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во недела граѓаните ќе кажат какво Куманово сакаат и кој да го води во следните четири години, рече кандидатот за градоначалник и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во изборното соочување со противкандидатот Горан Стојковски. Му се обрати и директно на кандидатот коментирајќи ги неговата програма и досегашни настапи. „Додека ги направите тие Ваши анализи и стратегии за работење, ќе ви помине мандатот. Од градоначалникот се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми со кои се соочувам“, рече Димитриевски во соочувањето, се наведува во соопштението од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. 

Димитриевски во студиото извади документи и слики со кои го впери прстот кон Стојковски посочувајќи дека дал согласност да се гради зграда кај локалитетот Серава, врз главниот колектор што може Куманово да го стави во голема опасност при евентуални поплави. Истовремено и јавно го праша за градбите на згради на булевар Октомвриска револуција – „дали свесно ги манипулира луѓето со јавно дадено негативно мислење, а во системот кој ја креира дозволата за градба запишано позитивно мислење и потоа издадено одобрение“.

Актуелниот градоначалник на Куманово ги наведе уште еднаш поголемите проекти што ги реализирал досега – новата спортска сала, Соколаната и Соколанскиот парк, Градскиот плоштад и серија целосно реконструирани улици. Најави и сериозно зголемување на капацитетот за паркирање со катни гаражи и проширување на постоечките паркиралишта, но и изградба на нови . Рече дека општината е во одлична финансиска кондиција со речиси 90 милиони денари на сметката и најави дека во следниот мандат урбано ќе го среди целосно централното градско подрачје.

Реклама

На крајот во своето обраќање тој ги повика прво во сабота да дадат масовна поддршка на македонската ракометна репрезентација во дуелот со Јапонија, а утредента – в недела да излезат масовно и на гласање.

„Во наше Куманово, и по недела да продолжи континуитетот – градот да расте и да се шири, на младите да им дадеме можност, да се реконструираат сите училишта. Да градиме нови спортски терени, но и да создаваме алтернативи за нови вработувања на младите кумановчани и кумановчанки. Ве повикувам во недела да гласате за бројот 2, бидејќи јас заедно со мојот тим покрај зборови, испорачувам и дела. И, никогаш нема да ветам нешто што нема да можам да го исполнам“, потенцираше Димитриевски.