Реклама

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Македонија

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово

Уредување на просторот околу комплексот згради на булеварот „Октомвриска револуција“, зачувување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уредување на просторот околу комплексот згради на булеварот „Октомвриска револуција“, зачувување на зеленилото, подобрување на инфраструктурата, вети кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

– Во следниот период сите партерни содржини околу вашите згради ќе бидат уредени, воедно ќе бидат и проширени сите постоечки паркинг простори, уредно обележани, како составен дел од втората зона за паркирање, а која ќе ги опфати и месните заедници „Панче Пешев“ и „БС Гојчо“ што ќе биде целосно бесплатна за сите што се со место на живеење на оваа адреса, нагласи Димитриевски.

Во овој дел од Куманово, Димитриевски вети зачувувањето на зелените површини и спречувањето на прекумерната урбанизација.

Реклама

– Сите зелени површини вклучувајќи го и „Ореов лад“, ќе бидат задржани со акцент дека нема да се дозволи урбанизација на тој потег. На таа локација ќе се изгради нова детска градинка и дополнително нови зелени површини, рече Димитриевски.

Кај локалитетот „Табакана“, како што изјави Димитриевски ќе се отстранат времените градби и ќе се направи нов паркинг простор, детско катче и повеќе зелени површини. Иста реализација ќе има и кај делот „Скара кај Жмара“, каде ќе се изгради и спортско-рекреативен комплекс и ново место за игра на најмладите, како и за комплексот „К4“ каде ќе никнат ново катче за најмалите, нови зелени површини и проширен паркинг простор.

– Затоа, потенцираше тој, ќе се отворат нови градежни зони каде инвеститорите ќе може да градат, а градот да се шири надвор, бидејќи урбаниот развој на Куманово мора да биде балансиран меѓу изградбата и зачувувањето на просторот за живот, рече Димитриевски.

Тој ги повика граѓаните на масовен одзив на 2 ноември на вториот круг од изборите.

– Ве повикувам масовно да излезете во недела и да ја дадете вашата поддршка за мене – вашиот кандидат Максим Димитриевски, затоа што Куманово заслужува континуитет и да продолжи да расте и да се развива, порача Димитриевски.