Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Димитриевски: Демократија во ЗНАМ, но без отстапување од довербата на граѓаните

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во емисија на една од националните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во емисија на една од националните телевизии истакна дека очекува новиот обвинител Савевски да работи професионално и во интерес на граѓаните оценувајќи дека станува збор за личност без дамка во кариерата, на кој Движењето ЗНАМ му даде поддршка и очекува доследно да го применува законот – се наведува во соопштението од партијата. 

Во однос на постапката поврзана со Артан Груби, тој нагласи дека случајот треба да се преиспита, а за борбата против корупцијата оцени дека актуелната власт води сериозна и реална борба.

Според него, нема попуштање ниту за функционери од сопствените редови и постојат конкретни акции на Министерството за внатрешни работи во координација со Обвинителството.

Реклама

„Никој никого не се обидел да го заштити и охрабрувам вакво однесување“ – истакна Димитриевски.

Осврнувајќи се на различните ставови на пратеникот Миле Цеков, лидерот на ЗНАМ потенцира дека партијата останува отворена за внатрепартиска дебата и разни мислења, но со јасна граница за почитување на програмските определби и довербата на гласачите.

Тој нагласи дека ЗНАМ се гради како демократска партија, која не исклучува, туку ги развива своите демократски капацитети, но истовремено очекува одговорност од секој избран функционер.

„Не направив партија за да исклучуваме членови, туку да привлекуваме и да го градиме демократскиот капацитет. Дебати може да има сè додека не се злоупотреби довербата на граѓаните“ – изјави Димитриевски испраќајќи порака дека различните ставови се дозволени, но не и отстапување од основните принципи.

Додаде дека пратениците, пред сè, мандатот го добиваат од граѓаните, а потоа и од политичката партија поради што секое евентуално отстапување од програмата мора да биде објаснето пред јавноста.

„Не можете никого да држите со сила. Кој сака може да си оди“ – нагласи претседателот на ЗНАМ потенцирајќи дека политичката одговорност е лична, а довербата на гласачите клучна.

Движењето ЗНАМ останува цврсто на своите принципи и демократски вредности, подготвено да продолжи со отворена и инклузивна политика, но без компромис кога станува збор за довербата на граѓаните и основните програмски определби на партијата.