Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Димитриева: Време е за промени во Демир Капија, доволно беа овие осум години со водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат

Време е за промени во Демир Капија, доволно беа овие осум години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Време е за промени во Демир Капија, доволно беа овие осум години со водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, затоа гласајте за бројот 9, истакна Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за општина Демир Капија од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември. Притоа наброи дел од проектите на изборната програма. 

–  Доволно беа овие осум години, водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, млади кои заминуваат, Демир Капија повеќе не е општина со развој. Затоа, секој нереализиран проект е потрошено време, секое лажно ветување претставува разочарување на секој граѓанин.  За да постигнеме развој во општината, потребно е да започнеме од најприоритетните проекти. Најпрво од село Прждево, жителите после осум години заслужуваат да добијат квалитетна вода за пиење, со што ќе изградиме објект по сите стандарди кадешто ќе имаат станица со хлор, во село Корешница ќе имаме барање до Регулаторна Комисија за намалување на цената на водата, најмалку до 10%, во село Бистренци ќе се санираат сите недостатоци кадешто имаме недостаток на вода, исто така во Село Дрена, Чифлик ќе се реализираат канализациската мрежа, посочи таа. 

Реклама

Димитриев се осврна и на други приоритетни проекти, асфалтирање на улици во село Чифлик, Дрен, Бистренци, и Корешница. 

Таа посочи дека благодарение на финансиските средства од Владата, во Демир Капија ќе се реализирале повеќе проекти и ги повика граѓаните на 2 ноември да го направат вистинскиот избор за, како што рече,  конечно да се врати достоинството во Демир Капија.

– Исто така голема благодарност до Владата на Република Македонија која во општина Демир Капија издвои средства во износ над 35 милиони во коишто ќе се реализираат повеќе проекти и тоа доизградба на кујна во основно училиште „Димче Ангелов-Габерот”, проект за улично осветлување, проект за канализациски мрежи, проект доизградба на фудбалско игралиште. Ве повикувам, на 2 ноември да излеземе што помасовно, да го дадеме својот глас за бројот 9 за да го вратиме достоинството во општина Демир Капија, повика  Димитриева.