Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Сè ќе биде согласно закон и транспарентно

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на пратеничко прашање за Договорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на пратеничко прашање за Договорот со Велика Британија денеска изјави дека задолжувањето и проектите што ќе се реализираат ќе бидат согласно нашите закони.

-Договорот вели пет милијарди фунти кои што ќе можат да ги користиме во рок од десет години или кога би одело годишно или би имале зрели проекти, по 500 милиони евра, тоа е повлекувањето. Рокот на отплата зависи од самите проекти. Физибилити студијата ќе покаже дека можеби некои проекти ќе се враќаат на 12, на 15 години, изјави Димитриеска-Кочоска.

Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ ја праша министерката за финансии дали со Договорот со Велика Британија целосно ќе го суспендира Законот за јавни набавки и дали веќе се познати фирмите коишто ќе бидат ангажирани за реализација на проектите. Она што ја интересираше Лукаревска е и тоа дали финансирањето ќе се одвива преку UK Export Finance (UKEF), чии услови подразбираат дека минимум 30 проценти од вредноста на финансираните проекти ќе оди кај британски компании или како плаќања во Велика Британија.

Реклама

-Јас не знам како работи UKEF, ја знам како функционира Законот за јавен долг и член 16 којшто вели дека ќе побараме понуди за финансирање без условување. Тоа значи ќе ни дадат понуда за каматна стапка за долг на отплата за грејс период коишто се поврзани со проектот. Законот за јавен долг не препознава условувања и тука треба да ни биде јасна работата, рече Димитриеска Кочоска.

Секое условување, како што кажа таа, ќе значи дека таа понуда е ништовна согласно Законот за јавен долг.

-Имаме закони, никој не кажал дека ќе биде нешто надвор од законот. Граѓаните можат да бидат спокојни и сигурни дека постапката ќе биде транспаретна и дека се што нема да биде во рамки на закон, нема да биде прифатено, ниту ќе биде дел од постапката, рече Димитриеска Кочоска.

Зборувајќи за јавниот долг кажа дека во 2017 година јавниот долг беше четири милијарди 787 милиони евра, а во 2023 година бил осум милијарди и 477 милиони евра.

-Во 2021 имаме фрапантно зголемување бидејќи под тие антикризни мерки, имаше злоупотреби, имаме зголемување од фрапантни 690 милиони евра. Во 2025 година за првпат имаме намалување од 36 милиони евра. Мислам дека тоа повеќе од јасно покажува како работи Владата и Министерството за финансии, рече министерката.