Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Димитриеска – Кочоска за британскиот заем: Нема да има дополнително зголемување на капиталните расходи

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска на новинарско прашање како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска на новинарско прашање како ќе се реализира Договорот со Велика Британија изјави дека нема да има дополнително зголемување на капиталните расходи.

– Во однос на тоа какви се проекциите во рамки на фискалната стратегија и сега дали ова ќе значи дополнително зголемување на капиталните расходи, не, нема да значи дополнително зголемување од една единствена причина. Ние многу често имаме нафрлање желби од одредени институции дека сакаат да прават некаква реализација, но со Уредбата за јавни инвестиции која ја донесовме пред неколку месеци, јасно го пропишавме патот. Претходно беше кој како сака внесува во буџетот, расправии, па ни треба, не ни треба итн. Со Уредбата за јавни инвестиции патот е пропишан, тоа значи дека секоја инститиција треба да пушти известување со образложение до Министерството за финансии зошто е потребна таа инвестиција. Потоа има посебно тело во рамки на Влада кое ќе ги разгледа сите тие желби и намери за инвестиции и ќе одреди и предложи кои се приоритетите. На тој начин прво го менуваме начинот на кој носиме одлуки за инвестирање, образложи Димитриеска – Кочоска.

Таа посочи дека во минатото имало проекти кои почнале, но не се довршени со години.

Реклама

– Ние не сакаме тоа да се повторува. И уште од како сум дојдена во Министерството за финансии, таа уредба и претходно беше работена од претходниот министер, притиснавме уште побрзо да се заврши за да можеме таа обврска да ја наметнеме на институциите за да го почитуваат тој пат на документација и известување. На овој начин сметаме дека ќе се тргнат на страна оние не толку важни во моментот капитални расходи или инвестиции. Како резултат на тоа, ќе се вклопат другите кои ги договараме со овој договор, кој би го рекла договор за стратешка соработка, кој е тоа на почеток, сега се договораме, но сите детали остануваме за понатаму, појасни министерката за финансии.

Во однос на тоа како ќе оди буџетскиот дефицит и зголемувањето на јавниот долг, Димитриеска – Кочоска образложи дека тие се зголемуваат во моментот кога имаме плаќање. Таква е методологијата и, како што рече, отсекогаш била таква, не менуваме и остануваме на истата.

– Прв дел е финансирањето, а потоа Министерството за транспорт како надлежно ќе води постапки. Кога ќе дојде моментот склучување на Договор и имплементација ќе видиме дали ќе може да реализираме по 300-400 милиони евра годишно или ќе биде помалку. Тоа ќе зависи од компанија, од луѓето што ќе работат на терен, објасни Димитриеска – Кочоска.

Министерката очекува побрзо да се завршуваат работите зошто овој проект, како што рече, е во позрела фаза од колку што беше „Бехтел и Енка“ во моментот кога стартуваше.