Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на официјалната церемонија за потпишување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на официјалната церемонија за потпишување на Меморандумот за разбирање и соработка за развој на пазарот на капитал, што ќе се одржи утре во Загреб, Хрватска.

Како што соопшти Министерството за финансии, настанот се организира од страна на Министерството за финансии на Хрватска и претставува регионална иницијатива во која учествуваат земјите Хрватска, Бугарија, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

Со потпишувањето на Меморандумот ќе се потврди заедничката определба за унапредување на соработката во областа на пазарите на капитал, преку подобрување на законодавството и регулативата, интеграција на инфраструктурата, дигитализација и хармонизација.

Реклама

-Оваа иницијатива има за цел да испрати силен сигнал до инвеститорите, пазарите и меѓународните партнери дека земјите од Централна и Југоисточна Европа се посветени на координирани и усогласени реформи, како и на создавање услови за долгорочен и одржлив економски раст, стои во соопштението на Министерството.

Во рамки на настанот, министерката ќе учествува и на министерски панел,на кој ќе размени искуства и најдобри практики со своите колеги од регионот.

Учеството на министерката Димитриеска-Кочоска на овој значаен настан претставува потврда за заложбата на земјава за продлабочување на регионалната економска соработка и за активно вклучување во иницијативи кои придонесуваат за развој на пазарите и зајакнување на довербата на инвеститорите.