Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Димитриеска-Кочоска: Во времето на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9 отсто, а во десетте години на ВМРО-ДПМНЕ 3,2 отсто

Со промената на власта се подобри и економијата – во првите два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со промената на власта се подобри и економијата – во првите два квартала од 2024 просечниот раст на БДП беше 2,3 отсто, а во следните два кваратала 3,6 проценти. Не случајно го кажувам ова. Ние во последниот квартал имавме раст од 3,8 отсто, односно два квартала по ред 3,8 отсто, што покажува дека со промената на власта економијата очекува позитивни сигнали од Владата. Тоа се потврдува во овие повеќе од година и половина со фактот дека последниот квартал имаме 3,8 отсто раст, што е повеќе од просечниот раст што сме го имале во првите два квартала од промената на власта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панелот „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“ што се одржува во Владата.

Димитриеска-Кочоска напомена дека за целиот период на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9 отсто, а во десетте години владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 3,2 отсто.

-Македонските компании функционираат во услови на глобална неизвеснот која во речиси сите европски земји создава надолни резултати кога станува збор за БДП. Имаме и економски партнери што влегуваат во минус, а нашата економија покажа дека е стабилна и многу отпорна, жилава на глобалните предизвици, оцени министерката.

Реклама

Според неа, клучот што ги промени економнските текови и ги подобри резултатите е унгарската кредитна линија што ја зема Владата.

– Бројките зборуваат дека унгарската линија е земена во прав момент. Приватниот сектор доби кредити по многу поволни услови, 224 милиони евра се комплетно повлечени и тоа е она што е инвестирано , тие инвестиции успеаја да ја оджрат економијата и да додадат вредност со што ги остваруваме стапките на раст. Вториот клулен момент со промената на власта е тоа што во континуитет корпоративните кредити бележат раст од 15 отсто, потенцира Димитриеска-Кочоска.

На панел дискусијата учестуваат и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.