Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Димитриеска-Кочоска: Проектираниот раст од 3,7% е реален

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон, каде учествува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон, каде учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, очекува дека проектираниот раст на економијата на земјава од 3,7% е реален.

“Оваа криза која дава голема неизвесност ние како држава може многу да ја искористиме, во смисла на префрлање на капацитетите од европските земји. Односно капцитетите во европските земји ќе се затвораат и понатаму, затоа што царините значат повисоки набавни цени и на тој начин европскиот пазар ќе бара алтернативи за отворање капацитети онаму каде што ќе имаат на некој начин поевтина работна сила. Иако во земјава веќе не е евтина работната сила, но е сепак на пониско ниво од европската. Оттука мислам дека проекцијата од 3,7% е реална проекција“, рече министерката за финансии во изјава за македонските медиуми по објавување на Глобалниот извештај на ММФ. 

Таа потенцира дека она на што Владата е посветена и она што го бара ММФ е фискална консолидација, но дека работите не можат преку ноќ да се сменат и дека ќе треба уште време.

Реклама

Минисерката за финансии од денеска до 26-ти овој месец учествува на Пролетните средби на Групацијата на ММФ и Светска банка, каде ќе оствари средби со високи претставници на овие две меѓународни финансиски институции, како и со претставници на Трезорот на САД, соопшти МФ.