Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Собранието денеска ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти.

Средствата со Предлог-одлуката се обезбедуваат се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, а согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Со прераспределбата, исто така, се обезбедија 242,3 милиони дополнителни средства во Министерството за социјална политика, демографија и млади за надоместоци за социјална заштита.

-Станува збор за обезбедување средства за реализација на инвестиции во општините што е дел од нашиот концепт за развој, особено развој на локално ниво. Дополнителни 600 милиони денари се ставаат на располагање на општините за инвестиции кои ќе значат подобри услови за живот на граѓаните и подобри услуги од општините. Целта на Владата е поддршка на локалниот развој и истовремено поддршка на економскиот раст. Средствата со Одлуката ги распределуваме во буџетите на надлежните институции од каде ќе се трансферираат средствата кон општините согласно динамиката на реализација на проектите, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Таа појасни дека со донесената Одлука од страна на Собранието средствата се распределуваат во Министерството за социјална политика, демографија и млади каде се дополнуваат 100 милиони денари, во Министерството за образование и наука 361,2 милиони денари, Министерството за спорт 62,4 милиони денари и Министерството за култура 60 милиони денари. Ова е согласно пристигнатите и одобрени проекти на Вториот јавен повик на кој општините доставија проекти за реализација.

Имено, дел од планираните средства за реализација на проектите за локален развој, кои се имплементираат од страна на општините, беа распределени со иницијалниот Буџет за 2025 година во соодветните министерства. Дополнувањето е согласно доставените и прифатени проекти на вториот повик за поддршка на општински проекти.