Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Димитриеска – Кочоска за Алфа ТВ за средбите во Вашингтон: Македонија на патот на фискална консолидација и економски раст

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е задоволна од постигнатото на редовните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е задоволна од постигнатото на редовните годишни средби со Светска Банка и ММФ во Вашингтон. Таа вели дека претставниците на двете меѓународни финансиски институции ја разбираат состојбата на буџетот. Им биле објаснети проекциите за економски раст догодина од над 3% и начините на финансирање на дефицитот кој треба да изнесува 4%. Димитриеска Кочоска вели дека фискалната консолидација не може да се случи преку ноќ, но намерата за тоа да се случи била јасно образложена во Фискалната стратегија која ја усвоила Владата.

„Ме радува што на овие состаноци, претставниците на Светска Банка забележаа дека како министер за финансии, како нова влада навистина максимално се трудиме да ги подобриме сите резултати на државата и дека максималните напори што ги вложуваме барем од нивна страна беа препознаени и имаме подршка . Сето тоа го препозна Светска банка и мислам дека во периодот што следи ќе имаме одлична соработка во насока на тоа и ние да се држиме до фискалната консолидација и внимателно трошење. Во исто време борба со сивата економија“ – вели министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска за Алфа од Вашингтон.

Во однос на драстичните разлики во проекциите на Владата од една страна и Светска банка од друга, Димитриеска Кочоска вели дека се легитимни. Сепак, потенцира дека резултатите ќе покажат дека новаат Влада е посериозна од претходната во делот на прибирање и трошење на народните пари, па наскоро проекциите на двете институции ќе се приближат. Министерката најавува борба со сивата економија, како и даночна реформа, која ќе вклучува дел од предизборните ветувања на владејачката партија.

Реклама

„Во однос на даночните реформи, би рекла дека тука е опфатен глобалниот данок и час поскоро треба да се менува законот. Исто така во рамки на нашата програма имавме одредени ветувања коишто треба да се спроведат, такашто тоа би ја опфатило даночната реформа и веќе финансии напорно работи на менување на законите“ – вели Димитриеска – Кочоска.

Владата во најјскоро време треба да го усвои Предлог – Буџетот за следната година и да го достави до Собранието. Засега е извесно дека тој ќе вклучува пораст на минималната плата, зголемување на платите во одредени сектори, пораст на примањата на пензионерите, пари за инфраструктурни проекти во општините, модернизација на Коридорите 8 и 10..