Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Економија

Димитриеска-Кочоска на средба со заменик-претседателот на Фондот за меѓународен развој на ОПЕК

Унапредување и зајакнување на соработката со ОПЕК преку Фондот за меѓународен развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унапредување и зајакнување на соработката со ОПЕК преку Фондот за меѓународен развој и поддршка на проекти во земјава беа во фокусот на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-претседателот на Фондот Шаима Ал-Шеиби, којашто се одржа во седиштето на ОПЕК во Виена, а каде што министерката учествува на Форумот на „Инвисо“.

На средбата министерката за финансии ги посочи напорите што ги вложува Владата во реализација на инвестиции, како во јавниот така и во приватниот сектор со цел забрзување на економската активност и постигнување повисоки стапки на економски раст. Таа се осврна на проектите на коишто се работи, како и на проектите за кои може да се развие соработка. Пред сѐ, станува збор за инвестиции во инфраструктурни проекти, како и за проекти во областа на енергетиката, здравството и сл.

Притоа, и двете страни ги истакнаа заложбите за продолжување и зајакнување на соработката во наредниот период и можноста преку ова партнерство да се обезбдат средства за финансирање развојни проекти.

Реклама

Фондот за меѓународен развој на ОПЕК е мултилатерална развојна финансиска институција која финансира проекти со цел стимулирање на економскиот раст и социјалниот напредок на земјите во развој. Досега Фондот на ОПЕК има инвестирано повеќе од 27 милијарди американски долари за развојни проекти во над 15 земји.