Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Димитриеска -Кочоска на ОН Конференција во Севиља: Зеленото финансирање -клуч за одржлив развој

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска се обрати на Тркалезна маса на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска се обрати на Тркалезна маса на тема “Leveraging private business and finance„ во рамки на 4. Меѓународна конференцијата на за финансирање и развој (FfD) која што под покровителство на Организацијата на Обединетите нации се одржува во Севиља.

Министерката Димитриеска -Кочоска ја претстави успешната приказна на земјата за унапредување на зелената транзиција преку комбинирано финансирање и стратешки партнерства.

Министерката ја презентираше националната иновација – Механизмот за зелено финансирање (Green Finance Facility – GFF), кој Македонија го воспостави како инструмент за поддршка на мали и средни претпријатија и ранливи домаќинства во инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност.

Реклама

„GFF не е само финансиски инструмент. Тоа е катализатор на трансформација кој овозможува реални, инклузивни и мерливи промени во заедниците,“ истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

На конференцијата беше подвлечено дека моделот на комбинирано финансирање – преку мобилизација на јавен и приватен капитал, техничка помош и стимулации врз основа на перформанси – ја намалува финансиската неизвесност и овозможува поширок пристап до инвестиции што се климатски паметни и социјално одговорни.

Како што презентираше министерката Димитриеска-Кочоска резултатите од досегашната имплементација се значајни.

„Поддржани се 57 проекти на мали и средни претпријатија со инвестиции над 15,5 милиони долари, кои ќе донесат заштеди на енергија од 17.828 GJ и ќе намалат емисии од речиси 4.000 тони CO₂. Поддржани се и 58 ранливи домаќинства, со инвестиции од 370.000 долари, кои резултираат со годишни заштеди од 621 MWh и намалување на емисии од 192 тони CO₂.Дополнително, проектите директно придонесуваат за намалување на аерозагадувањето (PM2.5 и PM10), што значи поздрава животна средина за граѓаните“ кажа министерката на Тркалезната маса.

Во своето обраќање, министерката нагласи дека успехот на GFF е резултат на партнерства со ОН (UN SDG Fund, УНДП, ИОМ, УНЕЦЕ), Европската банка за обнова и развој, како и со мрежа на домашни банки и лизинг-компании.

„Нашата визија за зелена транзиција е праведна, инклузивна и насочена кон најранливите. Никој не смее да биде изоставен“, порача министерката и кажа дека Македонија е посветена на проширување на овој модел и ги повика меѓународните партнери да се приклучат во зголемувањето на неговиот опфат и влијание.

„Заедно можеме да мобилизираме капитал, иновации и солидарност неопходни за забрзување на зелената транзиција“кажа министерката.

На крајот, Димитриеска-Кочоска ја потврди силната посветеност на Македонија кон реализацијата на Агендата 2030 и Парискиот договор, нагласувајќи дека глобалната соработка е клучна за изградба на позелен, поправеден и поотпорен свет.