Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Димитриеска-Кочоска на Меѓународна контролинг конференција – Ефикасно управување со јавните финансии и одговорни институции главна смерница на фискалната политика

Владата и Министерството за финансии целат кон примена на европските стандарди за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и Министерството за финансии целат кон примена на европските стандарди за модерно и одговорно управување со јавните финансии со цел ефикасно управување со средства и транспареност и одговорност на институциите. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 5-тата Меѓународна контролинг конференција што се одржа во Скопје, а беше посветена на процесот на контролинг во приватниот и во јавниот сектор.

„Темата на конференцијата носи силна симболика за контролингот како Рубикова коцка. Односно алатка која помага да се доведе ред комплексноста – да се направи стратегија од хаосот, да се поврзат различни делови од системот во функционална и ефективна целина.
На овој процес не треба да се гледа како на луксуз, туку како неопходност и тоа и во приватниот и во јавниот сектор. Во приватниот сектор, тој дава можност за навремено следење на резултати, планирање, алоцирање  ресурси и подобрување на профитабилноста. Постапки кои[што се особено важни за развој и создавање одржлив бизнис.“, рече министерката.

Таа појасни дека ефикасното управување со јавните финансии и институции, како и развиени претпријатија ќе придонесат за севкупниот национален развој. Затоа покрај посветеноста на реформските процеси од страна на државата, значајни се и воведување вакви процеси во приватниот сектор со цел тој да обезбеди сопствен развој, кој ќе влијае и на развојот на државата. Заедно сме во постигнување на таа цел, преку индивидуален план до колективни резултати.

Таа упати порака дека процесот на контролинг е важен и во приватниот и во јавниот сектор, затоа што преку сопствен развој на компаниите се постигнува повисок економски раст во земјата, што е еден од приоритетите на Владата.

Реклама

Министерката за финансии е една меѓу првите сертифицирани контролери во Македонија, била дел од едногодишната контролинг академија спроведена од Менаџмент центар Белград, лиценцирана од CA AKADEMIE AG во Минхен, па своето знаење подоцна го применува во својата долгогодишна кариера во приватниот сектор.