Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Димитриеска-Кочоска на CEF Форумот: Силни институции се клучот за успешни реформи- Македонија го презеде претседателството со Управниот одбор на CEF

Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени. Тие ја претвораат визијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени. Тие ја претвораат визијата во резултати,“ истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на завршната сесија на Годишниот состанок на Управниот одбор на CEF Форумот, кој се одржа во Бечиќи, Црна Гора.

Во своето обраќање, министерката нагласи дека институционалниот развој не е дополнување на реформите, туку нивна основа. Таа истакна дека јавните институции мора да бидат стратешки ориентирани, да дејствуваат со интегритет и да реагираат агилно на предизвиците, особено во управувањето со јавните финансии.

„Нашата способност да спроведеме реформи не зависи само од стратегии и акциски планови, туку од капацитетот и отпорноста на институциите што ги спроведуваат тие промени,“ посочи Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Затоа, како што потенцираше Димитриеска-Кочоска, Министерството за финансии го постави институционалниот развој во сржта на својата реформска стратегија со формирањето на Академијата за јавни финансии која е доказ за таа посветеност.

„Академијата не е само центар за обука, туку двигател за градење компетенции и трајна култура на учење,“ рече таа.

На Форумот , Димитриеска-Кочоска ја истакна и важноста на регионалниот дијалог и заедничкото учење, при што упати благодарност до меѓународните партнери за нивната поддршка преку техничка помош, советување и програми за градење капацитети.

Министерката упати и посебна благодарност до Управниот одбор на CEF за довербата и лидерството, по повод преземањето на претседателството со Управниот одбор од страна на Македонија.