Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека зголемувањето на индустриското производосто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека зголемувањето на индустриското производосто за 9,4 проценти во мај годинава во однос на мај лани е показател дека индустријата зазема стабилен курс на раст.

Во објава на Фејсбук, Димитриеска Кочоска потенцира дека најголем пораст има во рударството, од 18,8 проценти.

Во преработувачката индустрија, наведува министерката, растот изнесува 9 проценти, со најголем придонес од: Прехранбена и текстилна индустрија, Производство на пијалаци, фармацевтски и хемиски производи, Производство на електрична опрема, возила и мебел.

Реклама

– Ова се силни сигнали дека индустријата зазема стабилен курс на раст – поддржуваме домашно производство, извоз и економски развој!, пишува Димитриеска Кочоска.

Како што објави Државниот завод за статистика денеска, според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај  2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 проценти, Капитални производи за 13.5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 проценти,  додека опаѓање бележи кај Енергија за 8 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 9 проценти.

Најголем раст има во производство на електрична опрема од 31.2 отсто, потоа производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21.8 и производство на машини и уреди од 18.4 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3.