Реклама

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Економијата се опоравува и стабилизира, во четвртиот квартал раст на БДП од 3,2%

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека растот на БДП од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека растот на БДП од 3,2% проценти во четвртиот квартал од годината е сигнал дека економијата почнува да се опоравува и постепено да се стабилизира.

-Економијата покажува значителни знаци на опоравување и стабилизирање – резултат на политиките што ги спроведува Владата. Потврда за истото стигнува од објавените податоци на Државниот завод за статистика за раст на БДП во последниот квартал од 2024 година од 3,2%. Затекнавме економија која беше во стагнација со раст на БДП од 1,2% во првиот квартал, 2,3% во вториот квартал. Тоа бараше итни и неодложни мерки на краток рок за да овозможиме економијата да почне да се опоравува и да се фокусираме на политики коишто ќе овозможат засилена економска активност со просечни стапки од 5%, напиша министерката за финансии на својот ФБ профил.

Таа додава дека инвестициите се главна карика на концептот на оваа Влада и дека со тој концепт ќе се продолжи и во наредниот период.