Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Димитријевиќ: ДПМНЕ и ЗНАМ сами нека си ја гласаат предавничката Резолуција

„СДСМ нема да биде соучесник во ова национално предавство, мигранти за пари.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„СДСМ нема да биде соучесник во ова национално предавство, мигранти за пари. Нека си ја потпишат таа предавничка Резолуција сами. Нека си ја гласаат сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ. Тие многу добро знаат што потпишуваат – предавство на Македонија. А знаат и што следува за предавство. Сега веќе на сите им е јасно: планот е прво избори, а потоа – мигранти во Македонија, за пари. СДСМ, заедно со граѓаните, ќе ги искористи сите демократски механизми за да се спротивстави на ова национално и државно предавство“, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес конференција, се посочува во соопштението од СДСМ.

Премиерот Мицкоски вчера побегна од пратеничките прашања. Побегна од вистината. Побегна од дебата за Резолуцијата на СДСМ со која јасно и недвосмислено се затвора прашањето за мигранти во Македонија, додаде тој

„Откако побегна премиерот, побегнаа и неговите министри. Затоа, во знак на протест против ваквото понижување на Собранието и на граѓаните, пратениците на СДСМ ја напуштија седницата.  Резолуцијата на СДСМ не беше поднесена затоа што ДПМНЕ не дозволи ниту дебата, ниту разговор, ниту гласање“, потенцираше Димитријевиќ.

Реклама