Реклама
Македонија

Димитревски контра Стојковски во Куманово

Визија, континуитет, дела, решенија, експедитивност – двајца кандидати, еден град, различна перспектива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Визија, континуитет, дела, решенија, експедитивност – двајца кандидати, еден град, различна перспектива – иста цел – подобрување на животот на граѓаните. Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ за наша Македонија и Горан Стојкоски – Диро независен кандидат, во неела ќе се борат за челната позиција во Општина Куманово. Актуелниот градоначалник кој се надева на трет мандат за себе вели дека е човек од збор а уверен е дека тоа го мислат и граѓаните.

Претседателот на ЗНАМ во финишот на кампањата ги повикува граѓаните да гласаат за континуитет и конкретни дела, а не за празни зборови. Како главни приоритети за следниот мандат, тој најави изградба на три нови детски градинки, нови кружни текови, целосно уредување на централното градско подрачје, модернизација и надградба на јавниот превоз. Нови зелени површини, нови паркинг простори, спортски комплекси. Според него, резултатите од досегашното управување покажуваат дека граѓаните го препознаваат трудот, чесноста и посветеноста, а поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ја гледа како дополнителен поттик за работа.

Партерно уредување на просторот помеѓу зградите по должина на бул. Октомвриска Револуција, поплочување, нова урбана опрема, повеќе паркинг простор и нови зелени површини.  Втора паркинг зона во месна заедница Панче Пешев и БС Гојчо ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТНА за сите резиденти на овие заедници, обележување на паркинг места и проширување на простор за паркирање. Нема да се градат згради на локалитет Табакана! Ќе се отстранат времените објекти, ќе се направи нов паркинг простор бесплатен за локалните жители, ново детско катче и нови зелени површини.  Нема да се градат згради на локалитет кај “СкараКајЖмара”! Ќе се гради нов спортско рекреативен комплекс и детско катче, изјави Димитриевски.

Реклама

Биди промената која сакаш да ја видиш во Куманово – да ги направиме идните четири години вредни и достојни – независниот кандидат Горан Стојкоски – Диро вети дека ќе биде градоначалник кој обединува ако ја добие довербата од граѓаните. Реконструкција на улиците, чиста животна средина, системски решавање на провлемите. Куманово да биде град на културата и на младите.  Стојкоски верува дека неговата програма е рецепт за безбедно и чисто Куманово.

Прифаќаме поддршка од сите кои сакаат да има подобри услови за живот. Сите кои веруваат дека може поинаку. Сите кои сакаат да се подобар животот. Верувам дека има умни луѓе кои ќе дадат подддршка, да го направат Куманово функционално, безбедно, град на култура и град на младите.  Во нашата програма од 6 столба – чисто Куманово е еден од најбитните елементи. Влегуваме системски, и ќе работиме да се решат сите проблеми. Да напраивме анализа, зошто имаме диви депонии, да донесеме одлука каде ќе го носиме градежниот шут и смет… вели Стојковски.

Кампањата е фокусирана на подобрување на условите за живеење, инфраструктурата и животната средина, а граѓаните ќе одлучат кому ќе ја доверат општината.. Димитриевски со над 16 илјади гласови во вториот круг влегува со голема предност наспроти неговиот опонент, кој освои нешто помалку од 6000.