Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

ДИК изгласа одлука за ангажирање лица во работна група за обработка на избирачки список и серверска и мрежна инфраструктура

Државната изборна комисија денеска на седница едногласно изгласа одлука за ангажирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија денеска на седница едногласно изгласа одлука за ангажирање на лица во работна група за серверска и мрежна инфраструктура, одржување бази на податоци и обработка на избирачки список и определување на надомест за ангажираните лица.

На 123. седница на ДИК, беше кажано дека одлуката произлегува од одредбите на Изборниот законик, а образложение за одлуката даде членот на ДИК Дитмире Шеху.

Едногласно помина и одлуката за процедурата за спроведување постапки за доделување на договори за јавни набавки и нивна реализација. Членот на ДИК Ангелчо Ристов, кој даде образложение, појасни дека се врши усогласување на процедурата согласно последните законски измени на Законот за јавните набавки и се дополнува во делот на постапката за изготвување на одлука за формирање на комисија за јавна набавка и одлука за избор на најповолен понудувач.

Реклама

– Со оглед на фактот дека имаме сега избрано генерален секретар, па тој фактички се вклучува во постапката за проверка и одобрување на одлуките за формирање на комисија за јавна набавка и избор на најповолен понудувач, рече тој.