Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ДИК го усвои Роковникот за изборите за градоначалник во Брвеница

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница го усвои Роковникот за предвремените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница го усвои Роковникот за предвремените избори за градоначалник во Брвеница и избра претседател, заменик претседател и членови на Општинската изборна комисија. Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша изборите за градоначалник за 18 октомври откако неодамна ненадејно почина првиот човек на општината Јовица Илиевски.  

Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ на седницата истакна дека Комисијата и официјално ги започна сите оперативни активности за спроведување на предвремените избори за градоначалник. 

– Како и досега ДИК останува посветена на својата законска и уставна улога да биде заштитник и гарант на демократското избирачко право. Ја уверувам јавноста дека ќе ги преземеме сите мерки за изборниот процес да се одвива целосно, транспаретно, во фер и демократска атмосфера во согласност со највисоките стандаради за спроведување на избори овозможувајќи им на граѓаните на општина Брвеница слободно и достоинствено да ја изразат својата воља на 18 октомври 2026 година – рече Маричиќ. 

Реклама

Членот на ДИК Борис Кондарко информираше за најважните датуми од Роковникот на предвремените избори за градоначалник на Брвеница. Јавниот увид во Избирачкиот список започнува на 22 август и трае 20 дена односно до 10 септември, а граѓаните тоа ќе можат да го направат во подрачното одделение на ДИК во Брвеница и доколку има потреба да побараат корекција на личните податоци. Собирањето потписи за кандидати за градоначалник почнува на 17 август и трае до 15 дена до 31 август. Изборната кампања започнува на 21 септември, а ќе трае дваесет дена односно до 16 октонври. Поднесувањето на кандидатските листи до ОИК Брвеница е до 12 септември. 

Поради тоа што и беше истечен мандатот на ОИК Брвеница, денеска по случаен избор беа избрани претседател, заменик претседател, членови и заменици членови на ОИК Брвеница. 

Исто така ДИК ќе упати барање до МВР за ажурирање на Избирачкиот список, донесена е одлука за ангажирање лица за помошни тела и тоа во делот на информатичкиот сектор, а утврден е и износот за платено политичко рекламирање за медиуми кои не биле пријавени последните пет години.