Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ДИК го донесе роковникот за избор на градоначалник во четирите општини на 11 јануари

Државната изборна комисија (ДИК), по распишувањето на повторните избори за градоначалници во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК), по распишувањето на повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше за 11 јануари, денеска го усвои Роковникот за изборните дејствија. Претседателот на ДИК Борис Кондарко објасни дека изборните дејствија се исти, но дека роковите се скратуваат за пет дена освен за изборната кампања која ќе трае 20 дена. 

Согласно Роковникот изборите за градоначалник ќе се одржат во недела на 11 јануари.Увидот во Избирачкиот список започнува на 26 ноември и ќе трае до 10 декември, а најдоцна ќе биде заклучен на 20 декември. Проверката во Избирачкио список граѓаните ќе може да ја направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во овие општини. 

Собирањето на потписи за независните кандидати започнува на 21 ноември и трае десет дена односно до 30 ноември во во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во овие општини. 

Реклама

Рокот за доставување на листи на кандидати е 11 декември на полноќ до ОИК, а најдоцна на 17 декември ќе се одржи жрепката за редоследот на кандидатите. 

Изборната кампања трае 20 дена и започнува на 22 декември и трае до 9 јануари 2026 година на полноќ кога почнува 24 часовниот молк. 

Кондарко рече дека општинските изборни комисии во овие четири општини ќе добијат задолжение да ги почнат подготвките за избори на градоначалници. 

Во однос на платеното политичко рекламирање, на седницата беше посочено дека утре почнува тридневниот рок за пријавување на медиумите во регистарот на медиумите на ДИК за овие избори, а потоа почнува и петдневниот рок за доставувањето на ценовниците. 

ДИК на седницата донесе и низа други одлуки за подготовка и спроведување на изборите за градоначалници во овие четири општини. 

Во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше во првиот круг на локалните избори на 19 октомври немаше цензус за избор на градоначалник. Во овие општини во првиот круг не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни. 

Во Гостивар одзивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.