Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги соопшти првичните официјални резултати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, врз основа на оригиналните записници од гласачките места. Согласно овие податоци, во Гостивар најмногу гласови освоил Ваљбон Лимани од НАИ, во Маврово-Ростуше Онер Јакуповски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Општина Врапчиште Исен Шабани од НАИ, додека во Центар Жупа имало пријавен еден кандидат – Аријан Ибраим од  Демокатската партија на Турците во Македонија. 

Претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека од моментот на соопштување на првичните официјални резултати, односно од денеска во 15 часот, тече рокот од 48 часа за жалби за сумирањето и утврдување на резултатите од гласањето. Потсети дека од вчера од затворањето на избирачките места тече рок, исто така од 48 часа, за приговори во однос на постапката на гласање.

Доколку во овие предвидени рокови нема приговори, рече претседателот на Комисијата, ДИК во среда попладне на седница ќе ги објави конечните официјални резултати од повторените локални избори.

Реклама

Во Гостивар, излезноста изнесувала 28,72 отсто, односно гласале 23 799  од вкупно запишани 82 870 гласачи. За кандидатот Невзат Бејта од Коалицијата ВРЕДИ добиени се вкупно 7 510 гласови, додека за кандидатот од НАИ,  Ваљбон Лимани 15 345 гласови.

Според податоците од ДИК, во Маврово Ростуше од запишани 10 575 гласачи гласале вкупно гласале 3021 гласачи, односно 28,57 процент. Кандидатот Онер Јакуповски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ добил 1 982 гласа, а кандидатот Анес Ахмети од Колицијата предводена од СДСМ 961 глас.

Во општина Врапчиште запишани се 27 279 избирачи во Избирачкиот список, а гласале 8 791 гласач, односно 32,23 отсто. За кандидатот на Национална алијанса за интеграција (НАИ) Исен Шабани добиени се вкупно 5414 гласа, а за Зулхајрат Демири од Група избирачи 3 135 гласа.

Во Центар Жупа во Избирачкиот список се запишани 7 562 избирачи, а гласале 1 003 гласачи, што претставува излезност од 13,26 отсто. Кандидатот од Демокатската партија на Турците во Македонија, Аријан Ибраим добил 973 гласа.