Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Дигитализацијата и дигиталната трансформација во заштитата и промоцијата на културното наследство во фокусот на средбата Љутков – Рајхл

Македонија ја препознава сѐ поголемата економска и општествена вредност на креативните индустрии,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ја препознава сѐ поголемата економска и општествена вредност на креативните индустрии, кои претставуваат стратегиски двигател на економскиот раст, иновациите и меѓународната видливост, истакнал денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков на средбата со претседателката на Комитетот за култура и образование при Европскиот парламент Нела Рајхл.

На средбата, која е дел од посетата на Љутков на Брисел, било посочено дека ќе се интензивира соработката со европските земји кои ги препознаваат културните и креативни индустрии како приоритетен сектор, соопшти Министерството за култура и туризам.

Според информацијата, на средбата бил ставен акцент врз дигитализацијата и дигиталната трансформација, особено во заштитата и промоцијата на културното наследство. 

Реклама

– Како земја со исклучително богато културно наследство, Македонија посветува големо внимание на зачувувањето на јазикот, фолклорот, традиционалните занаети, фестивалите и музиката како континуитет на културниот идентитет, истакнал Љутков.

Тој, како што стои во соопштението, информирал дека Министерството за култура неодамна го презеде и секторот туризам во својата институционална структура, со што, според Љутков, се отвораат нови стратегиски цели за развој на културниот туризам и за воспоставување рамнотежа меѓу заштитата на наследството и современиот креативен развој.

Љутков, според соопштението, ја истакнал цврстата заложба на Министерството за култура и туризам за унапредување на културните политики, со акцент на младите, дигитализацијата и современата промоција на културното наследство, како и на системски развој на креативните индустрии.

– Министерот ја потенцираше активната вклученост на Македонија во користењето на европските инструменти за помош и програмите за соработка со земјите членки на Европската Унија, вклучително и ТАЕКС (TAIEX) и другите ИПА-инструменти за претпристапна помош. Тој рече дека Министерството за култура и туризам ги имплементира програмите „Креативна Европа – Култура и Медиа“, кои овозможуваат поддршка за копродукции, мобилност на уметници, европски мрежи и градење институционални капацитети, додека Министерството за образование и наука ги спроведува програмите „Хоризонт“ (Horizon) – за истражувања во технологиите за дигитално наследство и „Еразмус +“ (Erasmus+) – насочена кон образовна и младинска мобилност, соопшти Министерството за култура и туризам.  

Соговорниците ја потврдиле заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката, со цел унапредување на европските културни политики и зајакнување на улогата на културата во процесите за европска интеграција.