Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Дијагностицирана шуга кај двајца професионални војници на обука во велешката касарна

Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест „scabies“ (шуга), информираат попладнево со соопштение од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата во соработка со Министерството за одбрана.

Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини се пуштени дома, а освен двајцата кај кои е дијагностицирана шуга, останатите војници во понеделник треба да се вратат во касарната во Велес.

Од Армијата информираат дека заедно со Воено – медицинскиот центар се преземени сите потребни мерки за спречување на евентуално ширење на заболувањето, како и дека е спроведен епидемиолошки надзор и се постапува согласно препораките на стручните лица.

Реклама

-Армијата континуирано презема соодветни превентивни и против епидемиски мерки за заштита на здравјето на персоналот во Армијата. Дополнително, ве информираме дека сместувањето на војниците е регулирано согласно Правилото за сместување и ред во Армијата. Пред почетокот на обуката се обезбедени соодветни услови за сместување, престој и работа, во согласност со армиските стандарди. Пред сместувањето на персоналот извршена е комплетна дезинфекција на просториите, а на користење се дадени чисти и испрани постелнини и ќебиња, се наведува во соопштението.

Воедно појаснуваат дека капењето на војниците е организирано и се спроведува плански и во соодветни услови.

– Во  изминатиот период во Армијата беа реализирани повеќе активности со значителен број на ангажирани припадници. Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес беше реализиран прием и сместување на повеќе класи на новопримени професионални војници, со бројка поголема од 300 лица, како и најголемата ситуациска вежба SEVEN STARS 2025”, со учество на над 150 национални и странски претставници, се наведува во соопштението од Армијата.

На ниво на Армијата, беше реализирана и вежбата „Immediate Response 25“ на АП „Криволак“, каде во теренски услови беа сместени над 2 200 припадници од Армијата и странски вооружени сили.

Воедно потенцираат дека во  ниту еден од наведените случаи и покрај големиот број на ангажирани лица, не била  евидентирана појава на ваков тип на заболување.

Од Министерството за одбрана велат дека постапуваат согласно барањата на Армијата и дека за конкретниот случај ќе се преземат мерки според насоките на Воено-медицинскиот центар.