Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Џафери ја продолжи „традицијата„ на ДУИ: Мандатот го започна со кршење на Уставот и законите

Македонскиот јазик е прв и официјален јазик во државава, но не и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот јазик е прв и официјален јазик во државава, но не и за новиот технички премиер. Како што замина од собраниото, така и влезе во владата – со кршење на законите и уставот. Но, не се само обраќањата, туку и во сите објави на социјалните мрежи – неговите известувањето се прво на албански, а потоа на македонски и на англиски. Има дури и такви објави, што се напишани само на албански јазик, како објавата од конститутивната седница на техничката влада.

Според експертите, кога некој дава предност на јазик кој не е македонскиот, за време на обраќање или во пишани соопштенија, не само што го крши законот, туку го крши и Уставот.

Не само што се крши законот туку и Уставот. Македонскиот јазик е прв јазик и јазик во меѓународна комуникација и сите други јазици што се употребуваат, имам предвид за населението над 20%, тие јазици се регулираат со закон – вели Елка Јачева Улчар од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Реклама

Од позицијата собраниски спикер Џафери го прекрши уставот кога говореше на албански во Европскиот Парламент, иако во членот седум од Уставот јасно е запишано дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се службени за меѓународна употреба.

Остри реакции предизвика и мандатниот извештај кој во во 200 примероци беше испечатен под покровителство на Собранието. Кога беше запрашан зошто е прво на албански, дрско одговори:

Каде пишува дека така треба? Извештајот е така напишан бидејќи јас така сакав. Талат Џафери и по Устав и по закон е Талат Џафери. Не можам да лечам нечии фруистрации. Ме прашувате редоследно зошто е така, а јас не го напишав како лична работа, како граѓанин, ниту јас сум го печател. Издадено е за јавноста и за едни и други да читаат. Ниту е прво ниту е последно што ќе биде напишано како што јас ќе го напишам – рече Џафери.

Се чини дека темпераментноста и склоноста да си крши закони се еден од посилните адути на Талат Џафери. Вчера се паркираше среде плоштадот за да пие кафе. А според неговите објави на фејсбук, друштво во кафулето му правеле неговиот претходник, Димитар Ковачевски, и претседателот на Собранието, Јован Митрески. Џафери го прекрши и законот кој забранува пушење во затворен простор, кога го понесе еуфоријата дека стана технички премиер.