Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Десетина комбиња влегоа во ОХИС, акција на МВР во Скопје и во Струмица за опојна дрога

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога.

Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите.

Дел од медиумите веќе објавија дека синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје. Објавено е дека десетина комбиња и неколку камиони и полициски возила попладнево влегле во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на една национална телевизија во одговор на прашање за заплената на пет тони марихуана во Србија за која српските власти тврдат дека дошла од Македонија најави дека МВР деновиве, а можеби и денеска, ќе излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

– Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани, потенцираше Мицкоски во гостување во вестите на една национална телевизија.