Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Десетици граѓани на првиот отворен ден кај претседателот на Уставниот суд Костадиновски

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски денеска го одржа првиот работен ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски денеска го одржа првиот работен ден наменет за директни средби со граѓаните во рамките на кој се сретна со десетици граѓани кои пројавија интерес да се информираат за начинот на поднесување поднесоци до Судот. Дел од нив ги споделија своите лични искуства поврзани со одредени правни прашања, побараа правни мислења и совети по одредени правни прашања, како и дополнителни појаснувања за надлежностите и улогата на Уставниот суд.

Како што информираат од Уставниот суд, меѓу првите гости кои пројавија интерес за ваквиот формат на отворени средби беше и група студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, организирани преку ЕЛСА(национален огранок на европска студентска асоцијација) кои имаа можност директно да се запознаат со работата на Судот и да постават прашања поврзани со уставно-судската заштита на правата и слободите.

Овие средби се дел од заложбите на претседателот Костадиновски за поголема транспарентност и отвореност на Судот кон јавноста.

Реклама

-Следната средба на претседателот со граѓаните е закажана за 2 април, првиот четврток во месецот. По тој повод, се повикуваат сите граѓани кои имаат интерес за средба да се пријават навремено, со цел да добијат можност директно да постават прашања, да се информираат за постапките пред Судот и за неговите уставни надлежности, посочуваат од Уставниот суд.