Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Одлуката која ја донесе Управниот суд е конечна, правосилна и по напатствијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката која ја донесе Управниот суд е конечна, правосилна и по напатствијата од истата треба да постапат Собранието и Судскиот совет, изјави денеска заменик министерот за правда Ален Деребан, одговорајќи на новинарско прашање како ќе се рефлектира одлуката на Управниот суд за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка.

Тој потенцира дека нема надлежност да ја преиспитува одлуката на Управниот суд, но останува на ставот дека истата е конечна и правосилна.

-Во одлуката на Управниот суд е констатирана суштествена повреда на постапката која и претходела на избор на уставниот судија, поради што сега треба да се почитуваат напатствијата на пресудата, односно Собранието пресудата да ја остави до Судскиот совет. Судскиот совет треба да закаже седница, на која што со осум гласови треба да достави предлог до Собранието, кој со мнозинство гласови треба да избере нов уставен судија, изјави денеска Деребан, кој присуствуваше на конференцијата за одговорност за човековите права во Скопје.

Реклама

Тоа, како што додаде, се факти и таквите се законските прописи.

Прашан зошто Управниот суд чекал две години за да донесе таква одлука, Деребан посочи дека ова прашање треба да се упати кон судиите.

Уставниот суд остана без еден судија, откако Управен ја уважи тужбата на членот на Судски совет, Антоанета Димовска, дека не била испочитувана законската процедура при утврдување на предлогот за член на Уставен суд за судијката Елизабета Дуковска.

Уставниот суд преку соопштение информираше дека нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, истакнувајќи дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до создавање правен преседан со кој досега ниту еден состав на Судот не се соочил. Овој преседан, според Судот, има значајни правни импликации врз неговото понатамошно постапување.